Оваа работна седмица студено време со снежни врнежи – Gostivarpress.mk

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Денеска е понеделник, 23 декември 2024 година, 358-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 8 дена. Сонцето во Гостивар изгреа во 7 часот и 02 минути, а ќе зајде во 16 часот и 9 минути. Денов трае 9 часа и 7 минути.

Според метеоролошката прогноза, времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд и снег на пониските места, а на планините и повисоките места од снег.

Врнежите ќе бидат пообилни во западните и крајните источни делови каде на планините ќе се зголеми постојната снежната покривка, а помала снежна покривка ќе се формира и во некои од пониските места.

Ќе дува умерен до засилен јужен, а во текот на ноќта северен ветер. Температурата во гостиварскиот регион ќе биде во интервал од -2 до 3 степени.

Утре (вторник) се очекуваат снежни врнежи, во среда дожд и снег, додека во четврток само снег. Ќе владее променливо облачно, студено и ветровито време со умерен, наместа засилен северен ветер до над 60км/ч. Максималната дневна температура ќе се движи околу 4 степени.



Преземено од: GostivarPress

Tetovo
broken clouds
8.8 ° C
8.8 °
8.8 °
80 %
0.4kmh
57 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
10 °

Поврзани написи

Детроит Пистонс од -22 до триумф над Бостон, залудни 38-те поени на Пол Џорџ

Кошаркарите на Детроит Пистонс ги победија Бостон Селтикс...

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, за разлика од...

(Видео) ПСЖ на колена ја фрли Барселона

Пари Сен Жермен и Барселона приредија вистински фудбалски...