УЈП: Уште два дена за поднесување на ДДВ – 04 пријавите

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници кои имаат обврска да поднесат ДДВ – 04 пријави, дека рокот истекува во среда, на 25 декември 2024 година. До денеска, според УЈП, од вкупно 7 397 очекувани ДДВ – 04 пријави, поднесени се само 1 831 што е само 24,75 отсто од вкупниот број.

Остануваат уште 5 566 ДДВ – 04 пријави кои треба да се поднесат во преостанатите два дена. Според податоците, најголем процент на поднесени ДДВ – 04 пријави е забележан во РД Тетово, додека најмалиот процент се забележува во РД Битола.

– Не го одложувајте процесот. Поднесете ги вашите ДДВ – 04 пријави навреме и избегнете непотребен стрес или санкции. Покажете одговорност и усогласеност во вашето деловно работење и бидете пример за одговорни даночни обврзници. Уште денеска поднесете ги сите потребни документи до вашите сметководители со цел навремено изготвување на ДДВ – 04 пријавите и доставување во рокот, апелира УЈП.





Преземено од: Линк

Tetovo
light rain
11.3 ° C
11.3 °
11.3 °
89 %
1.2kmh
59 %
Wed
11 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи