МВР распиша меѓународна потерница за Васко Ковачевски, екс директорот на ЕСМ

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Министерствиото за внатрешни работи (МВР) вечерва распиша меѓународна потерница за поранешниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски.

Потерницата, со фотографија на Ковачевски, е објавена на веб страницата на МВР.  

-Ковачевски се бара по распишана меѓународна потерница од ОЈОГОКК Скопје со Наредба бр.KO бр. 108/24 од 30.12.2024 год. Лицето е под истрага за сторено кривично дело по чл.353-в, ст.2 вв ст.1 од КЗ на РСМ, се наведува во потерницата.  

vasko grubi bajrami

ОЈО ГОКК денеска донесе наредба за распишување потерница и предложи притвор за Васко Ковачевски. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот на Обвинителството и определи мерка притвор во траење од осум дена за поранешниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски, кој е недостапен за органите на прогонот, а е осомничен за проневера на 6,5 милиони евра. Применувајќи ги одредбите од Законот за кривична постапка, предметните јавни обвинители до МВР, како што информираат од ЈОРСМ, доставиле и наредба за распишување на национална потерница и изјава за распишување на меѓународна потерница по осомниченото лице. 

Меѓународни потерници МВР претходно распиша и по Артан Груби и Перпарим Бајрами. Но, и тие како и Ковачевски, се уште не се достапни на органите на прогонот.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
clear sky
15.7 ° C
15.7 °
15.7 °
79 %
1.3kmh
1 %
Thu
19 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
17 °

Поврзани написи