Градоначалникот на Општина Гостивар, Ваљбон Лимани утрово го посети првороденото бебе во новата 2025-та година во гостиварската болница. При тоа, градоначалникот на родителите им честиташе за приновата им посака среќна нова година и им поради ваучер во вредност од 30.000 денари.
„Првото новороденче кое додаде радост на целиот наш град и неговото семејство е девојче. Заедно со нејзината мајка се добро и со полно здравје и на тој начин носат добар предзнак! Му посакуваме долг живот на бебето“, кажа Лимани.
Како што информиравме утрово, првото бебе родено во оваа година на гинеколошко-акушерското одделение во болницата во Гостивар е девојче и на свет дојде ноќеска четириесет минути после полноќ.
Преземено од: GostivarPress













