Министерот за внатрешни работи на Црна Гора, Данило Шарановиќ изјави дека Ацо Мартиновиќ, осомничениот за повеќекратни убиства во Цетиње, починал при транспорт во болница.
Тој рече дека полициската акција во потрага по Мартиновиќ била успешно спроведена, пишува ртцг.ме.
Шарановиќ изјавил дека Мартиновиќ се обидел да се самоубие, но не умрел на лице место.
В,д. директорот на полициската управа, Лазар Шќепановиќ изјавил дека Мартиновиќ се наоѓал во населбата Хумци и дека починал од повреди на главата.
Тој рече дека не е познат мотивот за убиството, а жртвите се негови пријатели и кумови.
Шќепановиќ рече дека со резерва треба да се земе информацијата дека во Цетиње имало 12 жртви и да не се лицитира со бројот на жртвите.
Тој рече дека од семејството на осомничениот убиец добиле информација дека Мартиновиќ е социјално девијантно лице.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Преземено од: Линк













