(Видео) Њукасл ја продолжија победничката низа, славеа кај Тотенхем

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Њукасл, во Лондон го совлада Тотенхем со 2-1 (2-1) во првиот натпревар од 20. коло на англиската Премиер лига.

Во првите шест минути видовме два гола на овој натпревар, но и голема контроварза која фрли сенка на овој натпревар.

Тотенхем поведе во четвртата минута кога Доминик Соланке постигна гол по асистенцијата на Педро Пор.

Само 100 секунди подоцна стигна израмнувањето со голот на Ентони Гордон. Сепак, на ова му претходеше очигледно играње со рака на Жоелингтон.

За главниот судија Медли и судиите во ВАР собата немаше ништо спорно.

Александар Исак во 38.минута го комплетираше пресвртот на Њукасл. Швеѓанеецот ја потврди добрата форма, го постигна 13. гол во тековната сезона.

Тотенхем беше многу поофанзивен во вториот дел, а на теренот влегоа Хеунг-Мин како и Џејмс Медисон, кој беше најблиску до гол во 81. минута.

Њукасл останува на петтото место со 35 освоени бодови, додека Тотенхем е на 11-та позиција со само 24.



Преземено од: TopSport

Tetovo
overcast clouds
11.6 ° C
11.6 °
11.6 °
95 %
1.3kmh
100 %
Fri
16 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
14 °
Tue
9 °

Поврзани написи