Од Скопје ќе се лета директно кон Париз и Амстердам

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, во вечерашното гостување во Дневникот на ТВ Сител истакна дека претстои силен развој во авиосообраќајот и во следниот период најави нови дестинации за граѓаните.

Тој потенцираше дека шест дестинации се веќе потврдени, од Скопје директно во наредниот период ќе се лета за Барселона, Дубаи, Лион и Штутгарт, додека пак од охридскиот аеродром директно ќе се лета за Базел и до Истанбул на новиот главен аеродром, за што  веќе се продаваат авионски карти од Сиднеј, Вашингтон и од Торонто за Охрид.

Покрај овие шест, Николоски вечерва најави уште четири нови авионски линии од македонските аеродроми.

“Ќе се лета од Скопје за Амстердам, од Скопје за Париз, и тоа до најблискиот аеродром до центарот – аеродромот “Орли”, имаме најава од “Катар Ерлајнс” дека ќе отворат најмалку една дестинација и многу интензивно работиме Скопје да стане само третиот главен град на Балканот од каде што ќе има прекуокеански летови. Во моментов прекуокеански летови има од аеродромот од Истанбул и аеродромот во Белград, а нашата цел е Скопје да биде третиот град од каде што ќе се лета прекуокеански”, истакна министерот Николоски.

Тој исто така најави и целосна реконструкција на терминалната зграда на охридскиот аеродром што ќе се реализира во следните неколку месеци, објект кој не е реконструиран откако е изграден.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
light rain
11.3 ° C
11.3 °
11.3 °
89 %
1.2kmh
59 %
Wed
11 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

(Видео) Баерн и Арсенал ремизираа во дербито

Фудбалерите на Баерн Минхен и Арсенал одиграа нерешено...

Може ли бранот на немири да ја зафати цела европа?

Бранот социјални бунтови и протести што ја тресе...

Роналдо заработува дупло повеќе од Меси

Кристијано Роналдо и Лионел Меси со години се...

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе...

Уапсен претседателот на Кошаркаскиот сојуз на Грција, под истрага и судии од Европлигата

Претседателот на Кошаркарската асоцијација на Грција, Вангелис Лиолиос,...