Забрана за камиони на патниот правец преку Барбарос, Ѓавато, Стража, Плетвар…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


 Од 10.40 часот  се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Македонски Брод – Прилеп преку планинскиот превој Барбарос, информира ЈП Македонијапат.

Претходно јавното претпријатие соопшти за воведени забрани за тешки товарни возила поради снег и на други патни правци –  од 9.30 часот е воведена на патниот правец Ресен – Битола преку планинскиот превој Ѓавато, од 8.05 часот – на патниот правец Тетово – Попова Шапка, како и на патот Гостивар – Маврово – Дебар, Гостивар – Стража – Кичево, Пресека и Плетвар.

Исто така, од 7.25 часот е воведена забрана за сообраќај  на камиони и на патниот правец Делчево – граничен премин Делчево, а  забрана за сообраќај за тешки товарни возила над 7.5 тона е воведена и на ГП Делчево кон Бугарија.

Од Автомотосојузот на Македонија утрово информираа дека од превентивни причини збрана за сообраќај за тешки товарни возила се воведува и на планинскиот премин Пресека, а поради заледеност на коловозот на автопатот „Пријателство“ кај село Миравци, тешките товарни возила од 8.50 часот се пренасочуваат преку стариот пат Удово – Демир Капија.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
11.6 ° C
11.6 °
11.6 °
95 %
1.3kmh
100 %
Fri
16 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
14 °
Tue
9 °

Поврзани написи