Мален се сели во Астон Вила

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Актуелниот европски вицешампион со Борусија Дортмунд, Холанѓанецот Дониел Мален наскоро би требало да стане нов играч на Астон Вила.

Холандскиот напаѓач ги договорил личните услови со англискиот клуб, разговарал со менаџерот Унаи Емери, а неговиот трансфер во Бирмингем ќе ја чини Вила 23 милиони евра и дополнителни три милиони доколку Мален исполни одредени бонуси, пренесува Фабрицио Романо.

Мален е во Дортмунд од летото 2021 година, кога пристигна од ПСВ Ајндховен во трансфер вреден 30.000.000 евра.

Оваа сезона Холанѓанецот одигра 21 натпревар за „милионерите“ и постигна пет гола.

Вила моментално е на осмото место во Премиер лигата, додека во Лигата на шампионите е на одлична петта позиција на две кола до крајот првата фаза од натпреварувањето.



Преземено од: TopSport

Tetovo
few clouds
13.1 ° C
13.1 °
13.1 °
90 %
0.2kmh
23 %
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
17 °

Поврзани написи