Секоја втора сметка за вода во Гевгелија не е наплатена

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Јавното претпријатие Комуналец Гевгелија годишно работи и со над 50% загуби на вода. Државниот завод за ревизија во последниот извештај утврдува серија забелешки за работењето на јавното претпријатие, од кои штета трпи и државниот буџет.

– „Комуналец“ Гевгелија во континуитет се соочува со големи загуби во водоснабдувањето, само половина од испорачаната вода е фактурирана на граѓаните, додека остатокот се губи поради технички дефекти, нелегални приклучоци и нефактурирана комунална потрошувачка. Овие загуби сериозно влијаат на приходите на јавното претпријатие и на даноците кои се приход на државниот буџет. Од вкупните побарувања по основ на продажба на вода и услуги, 75%, односно над 2 милиони и 800 илјади евра се побарувања постари од 3 години, што укажува на нивна ненавремена наплата, стои во извештајот.

Изградената водоводна и канализациска мрежа во 2023-та не е запишана во катастарот, а за останатите градежни објекти вредни над 5 милиони евра Комуналец Гевгелија не поседува имотни листови.

Покрај ова ревизорите утврдиле незаконско утврдување на платите, односно нивните пресметки се прават според висината на вредноста на бодот за пресметување на платите од 2019 година.

На крајот на истата година, Јавнотo претпријатие му позајмило 600 000 денари на фудбалскиот клуб Кожув Гевгелија, пари кои до денот на ревизијата ниту биле вратени, ниту побарани. Според ревизорите, Комуналец Гевегелија без одобрение од советот на општината и незакоснки стопанисува и со градскиот пазар. 

Поради сето ова, покрај негативниот извештај на ДЗР издадени се препораки и конкретни активности на надлежните институции и одговорните лица за надминување на неправилностите. 

 





Преземено од: Линк

Tetovo
light rain
10.7 ° C
10.7 °
10.7 °
94 %
1.7kmh
92 %
Thu
20 °
Fri
17 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
12 °

Поврзани написи

Фернандеш за дебаклот во Комо го впери прстот во тренерот

Манчестер Јунајтед доживеа дебакл во Комо, во третото...

(Видео) Баерн и Арсенал ремизираа во дербито

Фудбалерите на Баерн Минхен и Арсенал одиграа нерешено...

Може ли бранот на немири да ја зафати цела европа?

Бранот социјални бунтови и протести што ја тресе...