Посебен сообраќаен режим во Скопје за Водици

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека во недела (19.01.) по повод верскиот празник Водици, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров, Кисела Вода и Аеродром.

Така, во центарот на град Скопје за сообраќај ќе биде затворена улицата „Филип Втори Македонски” на потег од крстосница со булеварот „Гоце Делчев” до крстосница со улицата „11-ти Октомври” во двете насоки.

Во општина Кисела Вода за сообраќај ќе бидат затворени улиците „14-ти Декември” и дел од улицата „Христо Татарчев” до салата „Расадник”.

Во општина Ѓорче Петров за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле”, булеварот „Партизански Одреди” до улицата „Ѓорче Петров”, потоа улицата „Ѓорче Петров” до улицата „Васил Чакаларов”, како и од црквата „Свети Пантелејмон”, улицата „Козле”, дел од улицата „Васил Чакаларов” до Железничкиот мост на реката Вардар.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
few clouds
13.1 ° C
13.1 °
13.1 °
90 %
0.2kmh
23 %
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
17 °

Поврзани написи