Пред српскиот Парламент голем број полициски возила, блокиран автопатот Нови Сад – Белград

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Пред српското Собрание има зголемено присуство на полицијата, и според белградски медиуми паркирани се десетина патролни возила и и едно полициско комбе.

Полицајци се распоредени пред службениот влез на Собранието.  Голем број продавници низ Белград се затворени, јавија белградските медиуми.

Пратениците и советниците од Нови Сад го блокираа автопатот Нови Сад – Белград, објави потпретседателката на Партијата за слобода и правда, Мариника Тепиќ.

 „Почитувани ученици, наставници, родители и сите граѓани на Нови Сад и Србија, заедно, солидарно до исполнување на сите барања на студентите.

Го блокиравме автопатот Нови Сад – Белград“, се вели во објавата на Мариника Тепиќ на социјалната мрежа Х.

Во Србија денеска почнува генерален штрајк или „општа граѓанска непослушност“, на кој граѓаните ги повикаа студентите што организираат блокада.

„Не одиме на работа, не одиме на предавања, не ги извршуваме секојдневните обврски. Ја земаме слободата во свои раце. Вашето учество прави разлика“, напишаа студентите на Инстаграм.

Поддршка на акцијата најавија бројни компании, здруженија и политички партии.





Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
11.6 ° C
11.6 °
11.6 °
95 %
1.3kmh
100 %
Fri
16 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
14 °
Tue
9 °

Поврзани написи