Има комисија и правници кои ќе ја донесат конечната одлука, но уште неколку сигурно ќе бидат, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска на прашањето дали се очекува затворање на нова високообразовна установа поради нерегуларности и доколку тие не бидат исправени по дадениот тримесечен рок.
Во изјава за ТВ Алсат министерката вчера соопшти дека со одлука на Министерството за образование и наука затворен е Институтот за биометриски истражувања од Скопје, кој е осма по ред затворена научно-образовна институција.
- За жал, законот не е доизречен и ние во моментот правиме ново законско решение каде што ќе се предвидат сите пропусти кои постоеле досега во законот. Во овој момент, тргнавме да ги средиме работите, да не се прави некаква дополнителна штета, а кога ќе го завршиме тоа и со новите законски решенија ќе постапуваме така како што треба, рече денеска Јаневска одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција.
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Преземено од: Линк













