Просторот под мијалникот не смее да стане „шкафче за сѐ и сешто“- Што не треба д чувате тука

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Местото за складирање е клучно за подобра организација, но празните катчиња во кујната не значат дека треба сѐ да се остава на секое достапно место во неа. Ова, некако, особено важи за просторот под мијалникот, кој станува „шкафче за сѐ и сешто“ во многу домаќинства.

Иако тоа може да изгледа практично, просторот под мијалникот не е погоден за складирање на сите видови предмети во кујната. Силните средства за чистење најдобро и најбезбедно е да се чуваат подалеку од дофат на деца, а не така ниско во кујната. И запаливите производи, како што се бои и лакови, не треба да се чуваат под мијалникот, бидејќи претставуваат опасност од пожар.

И хартиените крпи во ова шкафче може да станат влажни и валкани. Важно е, исто така, да не се чува храна под мијалникот… Тука се има предвид и храната за домашни миленици, бидејќи местото подложно на влага може да придонесе за појава на мувла. Истото важи и за садовите – најдобро се чуваат на суво и чисто место.

Избегнувајте и складирање светилки под мијалникот, бидејќи истекување вода може да ги оштети електричните делови.

Просторот под мијалникот, обично, е погоден за чување на основните средства за чистење, како што се течности за миење садови, стакло и за работните површини, како и сунѓери и четки. Сепак, овие предмети треба редовно да се менуваат за да се избегне таложење нечистотија и бактерии. Во ова шкафче се препорачува и заштитна подлога за спречување мувла, заради превенција во случај на појава на вода и слично.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
11.6 ° C
11.6 °
11.6 °
95 %
1.3kmh
100 %
Fri
16 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
14 °
Tue
9 °

Поврзани написи