Синдикатот на УПОЗ со поддршка на ранетата службеничка и на вработените во ЦСР-Прилеп, најавеното обезбедување што побрзо да се реализира

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Дојдовме да ѝ искажеме поддршка на колешката Маријана врз која во понеделникот се пукаше и имаше обид за убиство. Поддршката ја искажуваме и за сите колеги, вработени во прилепскиот Центар за социјални работи, истакна раководството на синдикатот на УПОЗ при денешната посета на вработените во Центарот во Прилеп.

Според Трпе Деаноски, претседател на синдикатот на УПОЗ, она со што се соочуваат вработените во Центарот е страшно и ќе имаат тешки последици по психичкото, менталното здравје. Синдикатот ќе им пружи најголема поддршка за да ги заштити нивните права и нивното здравје.

– За нашата колешка се обезбедени и финансиски средства за надминување на состојбата и за побрзо лекување. Ова е прв ваков настан во историјата на Република Македонија да се случи вработен во институција во јавниот сектор да има обид за убиство. Мора да биде прв и последен случај. Здравјето и безбедноста на работниците мора да бидат над и пред сѐ. Овие колеги извршуваат многу специфична работна задача, со најмаргинализираните групи во општеството. И не е првпат да бидат вербално и физички нападнати, но првпат на ваков стравотен начин, изјави Деаноски.

prilep2

Синдикатот на УПОЗ очекува што побрзо да се реализира најавата на Министерството за социјална политика, демографија и млади дека ја започна постапката за физичко обезбедување на сите центри и јавни установи за социјална заштита на ниво на држава. Оваа постапка е во завршна фаза, што значи дека наскоро ќе биде објавен и јавниот оглас за јавна набавка.

– Мора министерството за социјална политика, демографија и млади да ја сфати работатата посериозно. Она што го истакнаа во соопштението за јавност најбрзо што може да го спроведат. И не само физичко осигурување на влезот на ЦСР, туку и кога вработените се на терен, рече Дејаноски.

Зоран Малкоски, директор на прилепскиот Центар за социјални работи се надева дека наскоро ќе се ефектуира обезбедувањето.

– Благодарност за поддршката од Министерството и за соопштението. Се надевам дека во најбрз можен рок ќе се реализира тоа што беше изнесено во соопштението за физичко обезбедување во центрите. И не само во нив, туку и во сите институции од областа на социјалната заштита. Инаку, овие денови, повеќето од вработените се на примање терапија во болницата, дел се на боледување и, иако работиме со намален капацитет, не ги занемаруваме обврските, па исплатите за социјална помош за граѓаните ќе стигнат навреме, рече Малкоски.

Ранетата социјална работничка закрепнува во прилепската болница, а вработените деновиве добивааат медицинска и психолошка помош. Сторителот кој во понеделникот пукаше во просториите и ја рани службеничката е во притвор и побарано е да одговара за обид за убиствои за недозволено носење оружје.





Преземено од: Линк

Tetovo
light rain
11.3 ° C
11.3 °
11.3 °
89 %
1.2kmh
59 %
Wed
11 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

(Видео) Баерн и Арсенал ремизираа во дербито

Фудбалерите на Баерн Минхен и Арсенал одиграа нерешено...

Може ли бранот на немири да ја зафати цела европа?

Бранот социјални бунтови и протести што ја тресе...

Роналдо заработува дупло повеќе од Меси

Кристијано Роналдо и Лионел Меси со години се...

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе...

Уапсен претседателот на Кошаркаскиот сојуз на Грција, под истрага и судии од Европлигата

Претседателот на Кошаркарската асоцијација на Грција, Вангелис Лиолиос,...