„Само Папазов ли? Зошто директорот на ДПИ е иземен?“ – Левица реагира што уште нема осомничени актуелни функционери за трагедијата во Кочани

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


После незамисливата трагедија во Кочани, која настана поради непостапувањето на низа институции, јавноста оправдано очекува дека ниту едно лице не смее да биде амнестирано од одговорност. Но, освен градоначалникот Папазов, ниту еден друг функционер од актуелната власт не се јавува како осомничено лице во истрагата, реагираат од Левица.

-За Левица е скандалозно што директорот на Државниот пазарен инспекторат – Влатко Стојкоски е целосно иземен дури и од морална одговорност, особено после податоците дека повеќе од половина угостителски објекти работеле без или со истечена лиценца. Уште на 27 јануари, актуелниот директор на ДПИ најавил “ригорозна контрола” на угостителите, но очигледно оваа контрола ја одминала дивоградбата во Кочани, каде на 16 март се случи тешката трагедија.  Иако, во градовите надвор од Скопје се вработени над 100 пазарни инспектори, евидентно е нивното непостапување се до трагедијата. Ваквите факти говорат дека инспекторатите се полнат со партиски вработувања, додека нивната основна законска должност воопшто не ја обавуваат.  За длабоката корумпираност на системот, која се надоградува со секоја власт, доволно говори следниов податок: во општина Тетово сите шест објекти работеле без лиценца, иако само се вработени во Тетово 26 пазарни инспектори, се вели во соопштението од партијата, која понатаму праша:

-Дали министерот Тошковски ги штити директорите како Влатко Стојкоски, затоа што доаѓаат од неговата партија?! Не може и не смее да се амнестира одговорноста на актуелните функционери, особено во контекст на ваква незапамтена трагедија. Директорот на ДПИ Влатко Стојкоски најпрво треба да понесе морална одговорност и самиот да си поднесе оставка, а потоа, органите на прогонот низ непристрасна и објективна истрага да утврдат дали има и кривична одговорност кај директорот на Пазарниот инспекторат, реагираат од Левица.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
10.4 ° C
10.4 °
10.4 °
93 %
1.2kmh
100 %
Fri
16 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
14 °
Tue
14 °

Поврзани написи