На лекување во странство остануваат 48 повредени во пожарот во дискотеката во кочани

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Четири недели од големата трагедија во Кочани на лекување во странски медицински центри остануваат 48 повредени во пожарот во дискотеката. Министертсвото за здравство информира дека денеска не се планирани исписи од тамошните болници.

-Состојбата на пациентите останува непромената, односно остануваат во критична состојба пациентите за кои и претходно информиравме, додека останатите пациенти се во стабилна состојба, соопштија од МЗ.

Во македонските болници на лекување се 10 пациенти. 4 – ца во стара градска, 3-ца на Клиниката за пластична хирургија, 1 во ГОБ 8 септември и двајца во Аџибадем Систина. Вчера според протоколите во здравствените установи во државата биле прегледани и 7 –мината повредени кои се вратија од исто толку странски центри каде беа испратени на лекување.

-Овие пациенти имаа комбинирани повреди, имаа изгореници на кожата и изгореници на дишните органи. Што се однесува до изгорениците на кожата дел од тие пациенти кои се враќаат на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија кај дел лекувањето е целосно завршено, а кај некои од нив ќе има потреби од дополнителни не хируршки и хируршки процедури за тоа лекување да се донесе до крај, изјави науч.сор. д-р Маргарита Пенева, од Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија.

На 16 март во клубот во Кочани беа повредени повеќе од 200 лица, а 61 починаа, меѓу кои двајцата пациенти кои им подлегнаа на повредите во Литванија.





Преземено од: Линк

Tetovo
broken clouds
8 ° C
8 °
8 °
80 %
0.4kmh
82 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
15 °

Поврзани написи

Детроит Пистонс од -22 до триумф над Бостон, залудни 38-те поени на Пол Џорџ

Кошаркарите на Детроит Пистонс ги победија Бостон Селтикс...

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, за разлика од...

(Видео) ПСЖ на колена ја фрли Барселона

Пари Сен Жермен и Барселона приредија вистински фудбалски...