Владата не презема ништо за високите цени иако има механизми – Реален Медиум за Реални Луѓе – Македонски Медиа Сервис

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Владата има на располагање конкретни механизми за борба со високите цени, но не презема ништо, порача пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи во емисијата „360 степени”.

„Во далеку посложени услови и со повисока инфлација, ние направивме максимум што можеше да се направи со различен сет на мерки. Денес Владата има уште полесни услови и две алатки во рака – а не ги користи,” истакна Битиќи.

Како клучен неискористен инструмент го посочи Законот за нефер трговски практики, кој според него, требало веќе одамна да биде во примена.

„Комисијата за заштита на конкуренција требаше да има капацитет и да постапува. Имаше дојави за картелско здружување и ништо не се случи. Потребна е примена на законите “, рече Битиќи.

Тој додаде дека нема никаква разрешница, иако законот предвидува високи казни, а моралните повици не функционираат никаде во светот.

Во однос на високите цени на храната, тој изрази сомнеж во оправданоста на поскапувањата.

„Не може, ако е увезен производ, неговата цена во соседството да биде три пати пониска од кај нас. Увозната и малопродажната цена кај нас се со огромна маржа”, рече Битиќи.

Пратеникот од СДСМ нагласи дека Владата има одговорност да реагира.

„Тука е Владата  да интервенира преку Државниот пазарен инспекторат и преку мерки кои можеби не се идеални според логиката на пазарната економија, но во одредени ситуации се нужни”, рече Битиќи.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
broken clouds
13 ° C
13 °
13 °
93 %
0.6kmh
76 %
Thu
13 °
Fri
16 °
Sat
19 °
Sun
16 °
Mon
14 °

Поврзани написи

УЈП почна да праќа решенија за неплатен данок за 2021 година

Граѓаните кои работеле во странство пред 5 години...

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков

Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески,...

Крај на аферата „Роналдо – Жесус“, Кристијано се враќа во националниот тим

Кристијано Роналдо ќе се врати во португалската фудбалска...

Просечната нето-плата во август 48.733 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата во земјава во август...