АХВ: Немаме надлежност за постапување при заштита на здравje при работа и издавање HACCP елаборати

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Во пишано известување Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ја известува јавноста дека нема надлежност да постапува за прашањата што беа наведени во прес-конференцијата на в.д. градоначалникот на Кочани, Венко Крстевски, а во која тој побара одговорност за издавањето дозволи за работа на угостителските објекти.

– Агенцијата за храна и ветеринарство е надлежен орган за контрола на безбедноста на храната и здравствената заштита и благосостојбата на животните. По однос на прашања кои се однесуваат на заштита и здравје при работа, АХВ нема надлежност за постапување, како што нема надлежност ниту во делот на издавање елаборати за HACCP, ниту е надлежна за приклучување на електричната мрежа. Основно е операторите да се регистрираат како оператори со храна во АХВ за што, освен пополнетото барање за регистрација на објектите и операторите со храна од неживотинско потекло, потребно е да го достават и решението за упис во Централен регистар, доказ за право на користење на објектот – имотен лист, купопродажен договор, договор за закуп и слично, и доказ за платена административна такса. Кај дискотеките се регистрира само шанк каде се служат пијалаци, се истакнува во известувањето од АХВ.

Според Агенцијата, инспекциски надзори кај операторите со храна се вршат како редовни, согласно Годишниот план за вршење инспекциски контроли, и вонредни – по издаден работен налог или по поднесена претставка, односно иницијатива.





Преземено од: Линк

Tetovo
broken clouds
10.1 ° C
10.1 °
10.1 °
86 %
0.2kmh
75 %
Sun
10 °
Mon
14 °
Tue
7 °
Wed
11 °
Thu
12 °

Поврзани написи

Мастерклас на Антонели, победи во Остин

Андреа Кими Антонели го направи завршниот чекор кон...

(Видео) Елмас стрелец во спектакуларното реми во Бергамо

Репрезентатаивецот на Македонија, Елиф Елмас, постигна еден гол...

Во тек се подготовки за самитот на Путин, Трамп и Шји, можна средба во Мајами

Веќе се започнати подготовките за трилатерален самит меѓу...

Шок во Мадрид: Куртоа го пропушта Ел Класико

Реал Мадрид претрпе голем удар само неколку часа...