Љубов крунисана со прстен во Виена – Кои се Лиле и Јован, младенци на „Галичка свадба“?

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Заедно сме седум години и желбата да бидеме младенци на „Галичка свадба“ ние е сон, кој еве ни се освари. Одлуката ни е заедничка. Желба имавме уште од почетокот на нашата врска, велат  Лилјана Михајлоска(25) и Јован Филипоски(28) , кои годинава ќе бидат зет и невеста на „Галичка свадба“.

Двајцата живеат во Гостивар, но зетот е по потекло од Галичник.

-Потекнувам од Галичник и одсекогаш сум мечтаел да бидам зет. Со Лилјана заедно одлучивме да се пријавиме на конкурсот и среќни сме што сме избрани.  Секоја година сум дел од оваа мнифестација, ја негувам традицијата. Сум бил како статист, а и татко ми секоја година учесвува во коњаницата. Во нашето семејство ова е традиција што ја негуваме. Имаме куќа, секое лето сме таму и сакаме да придонесеме да доѓаат  што повеќе туристи да ја видат таа убавина што се крие. Кај нас во семејството се почитува традицијата и обичаите, особено оние од Галичник,  вели зетот..

mladenci za galicka svadba 2025 6 photo vangel tanurovski mms

Лилјана е гостиварчанка, нема галичко потекло, но е среќна што ќе му се исполни желбата на Јован. Особено е среќна денес, бидејќи и е роденден и денес на прес конференција беа претставени на јавноста.

На пресот по обичај одекнаа зурлите и тапаните на Мајовци, најпрво со невестинското, а потоа и со орото за свекрвата.

-Сакав и јас секако, да ја продолжиме традицијата. Апелирме до младите да бидт дел од оваа манифестација. Секое лето одиме во Галичник, но само еднаш бев статист. Навистина беше интересно и голем предизвик, бидејќи не е лесно да се носи носијата, вели Лиле.

mladenci za galicka svadba 2025 5 photo vangel tanurovski mms

Бидејќи и двајцата се од Гостивар се знаат многу одамна, прво биле пријатели а потоа се родила љубовта.

-Гостивар е мал град, се знаевме од претходно, неговиот брат ми беше другар, учевме заедно. Така и се запознавме, преку брат му на Јован. Моето семејство е патријархално и ги почитуваме традициите, вели Лиле.

По завршување на Галичка свадба, каде ќе го склопат црковниот брак, Лиле и Јован веќе наголемо се подготвуваат за свадба, која ќе се одржи на 11 октомври во Гостивар. 

Лиле студирала економија и бизнис во Винеа, а сега е при крај со магистерските студии.  Но, по магистрирање ќе се врати во Гостивар, каде ќе продолжи со семејниот бизнис.

mladenci za galicka svadba 2025 7 photo vangel tanurovski mms

Јован, пак, дипломирал на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство, дипломиран компјутерски инжинер.

По седум години врска Јован и Лиле се свршиле во јануари годинава, а Јован ја запросил  уште во август 2023 година на празникот „Пресвета Богородица“. Прстенот и го ставил на рака во Виена, на место кое било многу интимно за нив.

prsten1 mms

-Јован е многу трпелив, добар е со мене и секогаш е тука да ми помогне. Се надополнуваме, се сакаме и се почитуваме, а тоа е најважно, вели Лиле, а Јован дополни:

mladenci za galicka svadba 2025 10 photo vangel tanurovski mms

-Нашата љубов се градеше долги години. Едноставно свативме на крај дека еден без друг не можеме. Купив прстен и специјално за тоа отидов во Виена. Лиле е прекрасна, нејзината трпеливост, добрина, знае да ми се најде во некои одлуки, ме поддржува. Се што правиме правиме зедно. Имаме многу големо разбирање, почитување и многу љубов, вели Јован.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
broken clouds
8.8 ° C
8.8 °
8.8 °
80 %
0.4kmh
57 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
10 °

Поврзани написи

Детроит Пистонс од -22 до триумф над Бостон, залудни 38-те поени на Пол Џорџ

Кошаркарите на Детроит Пистонс ги победија Бостон Селтикс...

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, за разлика од...

(Видео) ПСЖ на колена ја фрли Барселона

Пари Сен Жермен и Барселона приредија вистински фудбалски...