ЦУК: Од вкупно 22 пожари на отворен простор се уште активни се пет

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


На територијата на државата денеска до 18:30 часот се евидентирани вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои активни се пет, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).  

Активни пожари има кај прилепското село Бешиште – приземен пожар во квалитетна мешана шума, во село Црешнево, место викано Церо Поле, во општина Македонски Брод, каде што гори деградирана дабова шума и грмушки, во Општина Чашка активен е шумски пожар под Солунска Глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (во моментов  нема активен пламен, само чад на карпест дел), како и два пожари во ниска вегетација во село Романце, во Општина Куманово и село Таринци, во Општина Карбинци.

Изгаснати, како што информира ЦУК, се вкупно 17 пожари – во село Врањовци во општина Врапчиште, каде што е опожарена ниска вегетација и ѓубриште, во село Лојане, општина Липково, каде била зафатена  ниска вегетација и стрниште, површина посеана со жито и ниска вегетација во село Радање во општина Карбинци и изгаснат пожар во село Орланци во општина Арачиново каде е опожарена ниска вегетација и отпаден материјал. Ниска вегетација изгасната е во месноста викана „Сливница“ во Општина Берово, во кочанското село Прибачево, во Општина Пробиштип, во ресенско с. Грнчари, велешко с. Ново Село, како и во населба Волково, во Општина Ѓорче Петров и село Мојане, во Општина Арачиново. Ѓубриште (депонија) изгаснати се во прилерпско с. Канатларци, две во село Визбегово, во Општина Шуто Оризари, во населба Стопански Двор, во Општина Ѓорче Петров и во село Јурумлери, во Општина Гази Баба. 





Преземено од: Линк

Tetovo
broken clouds
8.8 ° C
8.8 °
8.8 °
80 %
0.4kmh
57 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
10 °

Поврзани написи

Детроит Пистонс од -22 до триумф над Бостон, залудни 38-те поени на Пол Џорџ

Кошаркарите на Детроит Пистонс ги победија Бостон Селтикс...

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, за разлика од...

(Видео) ПСЖ на колена ја фрли Барселона

Пари Сен Жермен и Барселона приредија вистински фудбалски...