ЦУК: Шест активни пожари на отворено до 18 часот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Во државава активни се шест пожари на отворео, денеска заклучно со 18 часот се  регистрирани 17, покажува информацијата од веб страницата на Центарот за управување со кризи за состојбата со пожарите.  Еден пожар е локализиран, а десет се изгаснати.

Активни се пожарите во Општина Чучер Сандево, помеѓу село Блаце и село Чучер, каде гори ниска вегетација и мешана шума, а поради непристапност на теренот се интервенира со воздушна поддршка, во село Инџиково во општина Гази Баба (ниска вегетација и стрниште), во проилепското село Бешиште (приземен во квалитетна мешана шума), во село Црешнево во Македонски Брод (деградирана дабова шума и грмушки), во Општина Чашка: под Солунска Глава, помеѓу Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (шумски пожар, без активен пламен, само чад – карпест терен), како и во валандовското село Грчиште (ниска вегетација и нискостеблеста шума).

Локализиран е пожар на градската депонија Делчево, а изгаснати се пожари во општините Карбинци: помеѓу с. Таринци и с. Радање (ниска вегетација и стрниште), Пробиштип: с. Долни Стубол (ниска вегетација), Гостивар: културен дом Гостивар (ниска вегетација), Тетово: с. Мала Речица (ниска вегетација), Прилеп: новите гробишта Прилеп (ниска вегетација),  Велес: с. Оризари (ниска вегетација, стрниште и дабова шума), Куманово 1: ул. „Никола Тесла“ (ниска вегетација), Куманово 2: место викано Ново Куманово (ниска вегетација), Шуто Оризари: нас. Визбегово (депонија) и Кисела Вода: ул. „Христо Татарчев“ (ниска вегетација).





Преземено од: Линк

Tetovo
light rain
11.3 ° C
11.3 °
11.3 °
89 %
1.2kmh
59 %
Wed
11 °
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

(Видео) Баерн и Арсенал ремизираа во дербито

Фудбалерите на Баерн Минхен и Арсенал одиграа нерешено...

Може ли бранот на немири да ја зафати цела европа?

Бранот социјални бунтови и протести што ја тресе...

Роналдо заработува дупло повеќе од Меси

Кристијано Роналдо и Лионел Меси со години се...

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе...

Уапсен претседателот на Кошаркаскиот сојуз на Грција, под истрага и судии од Европлигата

Претседателот на Кошаркарската асоцијација на Грција, Вангелис Лиолиос,...