Сашко Кедев утрово се искачи на врвот Гашербрум I (8 080 м) во Пакистан и стана првиот Македонец и единствен во поширокиот регион кој ги освои сите 14 врвови над 8 000 метри и највисоките врвови на сите седум континенти.
Тимот на експедицијата G1 предводен од „Имеџин Непал“ денеска во 10:44 часот по локално време успешно се искачи на Гашербрум. Во тимот покрај Кедев, беа и Ванг Жонг од Кина и непалските алпинисти Дава Гјалје Шерпа и Нгима Нуру Шерпа.
– Врвот на Г1 на д-р Кедев го означува завршувањето на сите 14 осумилјадници – историски прв за Македонија!, стои во објавата на „Имеџин Непал“
©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање
Преземено од: Линк














