На Табановце и Богородица за влез и излез од државава се чека околу 30 минути

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез од државата, времето на чекање е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Авто-мото сојузот на Македонија.

Низ целата држава сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Авто-мото сојузот со потсетување дека од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури, со следниве термини – петок од 17:00 – 22:00 часот; сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот.

 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
11.6 ° C
11.6 °
11.6 °
95 %
1.3kmh
100 %
Fri
16 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
14 °
Tue
9 °

Поврзани написи