Менеџерот Рака Мариќ со специјална награда на фестивалот „Охрид фест“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Познатиот менаџер Рака Мариќ од Сараево ќе биде специјален гостин на фестивалот „Охрид фест- Охридски трубадури“ кој ќе се одржи на 29 и на 30 август на сцената на „Долни Сарај“ во Охрид.

Мариќ ќе добие награда за особен придонес во промовирањето на светската и регионална поп и рок музика во Македонија на Балканот. Toj e познат како долгогодишен менаџер на легендарните „Бијело Дугме“, и организатор на сите нивни поголеми концерти, вклучувајќи ја и повратничката турнеја на бендот во 2005 година со сите тројца пејачи.

„Во еден период од својот живот живеев на релација Скопје- Охрид. Тоа беше во времето кога имаше војна во Босна и Херцеговина, па кусо време, пред да се преселам во Грција, работев и живеев во Македонија, каде што и денес често доаѓам, како да сум дошол дома. Голема чест ми е што мојот пријател, композиторот Григор Копров ме покани како гостин на овој фестивал со традиција, и што ќе бидам награден“, вели Рака Мариќ.

Тој е основач на музичката продукција „Мјузик стар“. Мариќ и неговата продукција организираа концерти на „Ролинг Стоунс“, „Полис“, Били Ајдол, Лени Краввиц, „Дуран Дуран“ и многу други светски познати музичари. Здравко Чолиќ, Цеца Ражњатовиќ, Северина, Харис Џиновиќ, „Смак“, Нина Бадриќ, Тони Цетински, Јелена Розга се дел од балканските ѕвезди кои работеле со него.

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
broken clouds
8 ° C
8 °
8 °
80 %
0.4kmh
82 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
15 °

Поврзани написи

Детроит Пистонс од -22 до триумф над Бостон, залудни 38-те поени на Пол Џорџ

Кошаркарите на Детроит Пистонс ги победија Бостон Селтикс...

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, за разлика од...

(Видео) ПСЖ на колена ја фрли Барселона

Пари Сен Жермен и Барселона приредија вистински фудбалски...