„Вежба за слушање за американскиот претседател“ – Средбата меѓу Трамп и Путин ќе се одржи во петок во Алјаска

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Средбата меѓу американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин, ќе се одржи во американската воздухопловна база Елмендорф-Ричардсон во Алјаска, јавува Си-Ен-Ен, повикувајќи се на информирани извори.

„Организаторите заклучија дека единствениот град во огромната држава што може да биде соодветна локација за самитот е Енкориџ. И само воздухопловната база Елмендорф-Ричардсон, која се наоѓа на северниот дел од градот ги исполни условите да биде домаќин на историскиот состанок“, објави Си-Ен-Ен.

Соговорниците на американската телевизија разјаснија дека Белата куќа се надеваше дека ќе ја избегне ситуацијата во која рускиот претседател и неговата придружба ќе бидат примени во американски воен објект, но Алјаска во моментов е на врвот на туристичката сезона, па затоа не е пронајдена друга соодветна локација за самитот.

Белата куќа синоќа објави дека средбата меѓу претседателот Трамп, и претседателот Путин, ќе се одржи во петок во Енкориџ, Алјаска.

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, на прес-конференција објави дека претседателот Трамп во петок наутро ќе отпатува за Енкориџ, на билатералната средба со рускиот претседател.

Ливит додаде дека „не сака да поставува црвени линии“ за Трамп во контекст на преговорите и додаде дека Трамп ги повика Украина и Русија директно да се ангажираат едни со други кога станува збор за хуманитарни прашања.

Таа изјави дека средбата меѓу Трамп и Путин ќе биде „вежба за слушање за американскиот претседател“.

-Само едната страна вклучена во оваа војна ќе биде присутна, па ова е можност претседателот да добие подлабок и подобар увид во тоа како, се надеваме, можеме да ја завршиме оваа војна. Тоа ќе биде вежба за слушање за претседателот, рече Ливит.

Таа навести дека има планови Трамп да ја посети Русија во иднина.

Трамп претходно изјави дека двете завојувани страни ќе мора да отстапат дел од територијата за да се стави крај на крвавиот конфликт што трае повеќе од три години. МИА

©ММС.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање



Преземено од: Линк

Tetovo
broken clouds
13 ° C
13 °
13 °
93 %
0.6kmh
76 %
Thu
13 °
Fri
16 °
Sat
19 °
Sun
16 °
Mon
14 °

Поврзани написи

УЈП почна да праќа решенија за неплатен данок за 2021 година

Граѓаните кои работеле во странство пред 5 години...

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков

Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески,...

Крај на аферата „Роналдо – Жесус“, Кристијано се враќа во националниот тим

Кристијано Роналдо ќе се врати во португалската фудбалска...

Просечната нето-плата во август 48.733 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата во земјава во август...