ДЗР: Само 13% од државните институции ги користат услугите на Централниот регистар на население

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


На јавните институции тешко им оди да ги искоренат старите навики и покрај можностите за полесен електронски пристап до податоци за граѓаните. Иако законски обврзани, тие сепак не ја користат платформата за Централниот регистар на население, која пак е единствена и електронска база на податоци која содржи точни, доверливи и редовно ажурирани информации за физичките лица. 

Ревизорите анализирајќи ги податоците од 2019 до 2024 година на Министерството за дигитална трансформација, увидеа дека само нешто над 13% од државните институции ги користат податоците од Централниот регистар на население, за разлика од фирмите од приватниот сектор којшто трипати повеќе ги користат предностите на оваа платформа. 

Дополнително, ревизорите увиделе дека треба побрза синхронизација на податоците на граѓаните, но и потреба од повеќе кадар. Ваквите состојби ја доведуваат во прашање безбедноста на личните податоци на граѓаните.

„Изминатата година се направија сериозни напори за автоматска интеграција на податоците и нивно автоматско прочистување, што го прави ЦРН најажурниот можен регистар на физички лица во државата. Тоа го препознаа приватните компании кои го користат во неколкукратно поголем обем од порано. За жал, не сите државни институции ги препознаваат придобивките од употребата на овој обединет интегриран систем“, велат од Министерството за дигитална трансформација за Сител. 

Но, со ревизорите не се согласуваат дека е потребна побрза синхронизација на податоците. 

„Во поглед на ажурирањето, не сметаме дека е добро истото да се прави автоматски заради обременетост на системот. Истото се прави во текот на ноќта кога бројот на корисници и трансакции е намален“, додаваат од ресорното Министество.

Креирани се и правилници по забелешките на ревизорите, а се правел и план за сајбер тестирања за поголма безбедност на податоците на граѓаните. Годинава кон ЦРН се приклучени плус четири јавни институции. 

ДЗР изврши ревизијата на информациски системи како ревизија на усогласеност на тема „Усогласеност на процедури за безбедност на податоците од Централен регистар на население“ кај Министерството за дигитална трансформација, правен наследник на МИОА, за период од 2019 година до 2024 година.





Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
10.4 ° C
10.4 °
10.4 °
93 %
1.2kmh
100 %
Fri
16 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
14 °
Tue
14 °

Поврзани написи