Власта и опозицијата различно ги читаат бројките на државната статистика

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Во време на криза минималната плата ја дигнавме од 8 на 22 илјади денари, просечната од 22 на 42 илјади денари. Првиот човек на опозициската СДСМ Венко Филипче во Тема на денот вели – главната разлика кога неговата партија предводеше со Владата и сега е што во моментов нема криза во Европа, а тие морале да се справат и со Ковид и со последиците од воената инвазија на Русија во Украина. Вели, инфлацијата од 4,8% е далеку над проектираната – под 3%.

– Запре растот на платите. Растот на платите беше некаде, гледам дека има некаква шпекулација, мислам дека премиерот манипулира со бројките. Има индексни цени, има и вистински номинални бројки. Кога двете ќе ги споредите, растот на платите во времето на СДСМ индексно гледано беше 11%, сега е 4%. Ако сакате во номинални бројки растот на платите тогаш, за време нашата влада беше 15%, а сега е само 8%, вели Филипче.
Власта и опозицијата различно ги читаат бројките од официјалната државна статистика. За власта, реалниот раст на платите е двојно поголем за една година. Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ вели дека реалниот раст на платата од јули лани до јули оваа година е 6,7%, додека за периодот јули 2017 до јули 2024 растот бил само 3,5%.

– Растот на реалната плата во време на ВМРО-ДПМНЕ покажува неколку работи:  Дека инфлацијата е намалена. Дека растот на економијата е забрзан. Дека потрошувачката е зголемена. Дека производството расте. Дека довербата во економијата е голема. Бројките јасно покажуваат дека инфлацијата е стабилизирана и под контрола, вели Стојаноски.

Филипче во гостувањето во Дневникот на Сител зборуваше и за критиките од премиерот дека опозицијата не е конструктивна туку само критикува. Вели, власта не прифаќа предлози кои доаѓаат од опозицијата. 

Говорејќи за евроинтеграцискиот плат на државата, Филипче вели дека и на СДСМ кога беше власт, и на ВМРО-ДПМНЕ тогаш како опозиција и денес како власт им е јасно дека друга опција освен почитување на Францускиот предлог и гласање на уставните измени за внес на Бугарите – нема. Повика власта да ги донесе уставните измени, да се донесе Резолуција во Собранието со кое, доколку Македонија по внесот на Бугарите во Уставот добие нов услов од Софија – тогаш државата да ги прекине преговорите со Брисел за влез во ЕУ. 

Опозициската СДСМ во моментот е фокусирана на првиот круг од претстојните локални избори. Филипче уверува дека во моментот СДСМ нема никаква соработка со ДУИ и вели дека нивниот впечаток е оти ДУИ веќе почнува соработка со ВМРО-ДПМНЕ. 

 





Преземено од: Линк

Tetovo
broken clouds
8 ° C
8 °
8 °
80 %
0.4kmh
82 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
15 °

Поврзани написи

Детроит Пистонс од -22 до триумф над Бостон, залудни 38-те поени на Пол Џорџ

Кошаркарите на Детроит Пистонс ги победија Бостон Селтикс...

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, за разлика од...

(Видео) ПСЖ на колена ја фрли Барселона

Пари Сен Жермен и Барселона приредија вистински фудбалски...