Запленети околу 35 килограми марихуана на патот Битола- Прилеп | ВИДЕО

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


На 03.09.2025 на регионалниот пат Битола- Прилеп полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, СВР Битола и САЕ Тигар од Бирото за јавна безбедност при МВР, во рамки на засилените активности во борбата против недозволена трговија со дрога, спречија транспорт на околу 35 килограми марихуана.

По претходно преземени оперативни мерки кон И.А. (36) од Прилеп, кој пред 20 дена завршил со издржување на казна затвор во траење од 3,5 години за сторено кривично дело „недозволена трговија со дрога”,  на регионалниот пат Битола- Прилеп сопрено е патничко возило „голф“, управувано од лицето И.А. и при извршен преглед на возилото, во багажниот простор пронајдени се две торби во кои беа сместени вкупно 35 пакувања со марихуана, со вкупна тежина од околу 35 килограми.

Марихуаната во утринските часови била пренесена од Р.Албанија, а И.А. требало да ја транспортира до државната граница со Р.Грција, каде требало да биде предадена за понатамошно пренесување до Р.Турција.

И.А. е лишен од слобода во ПС Битола и по комплетирање на целокупната документација, од страна на СВР Битола до ОЈО Битола ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело предвидено и казниво по чл.215 од КЗ.





Преземено од: Линк

Tetovo
few clouds
13.1 ° C
13.1 °
13.1 °
90 %
0.2kmh
23 %
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
17 °

Поврзани написи