Жителите на Аеродром и Ново Лисиче и денеска револтирани на протест побараа итно решение за депонијата Вардариште. Со транспаренти „имаме право на чист воздух“ ги повикаа ндлежните да реагираат.
Смрдеа низ населбата се ширеше и ноќеска, а граѓаните депонијата ја нарекоа канцерот за скопјани.
Алармот беше вклучен откако пред неколку дена депонијата ја зафати голем пожар а јакиот мирис непрекинато се шири и денеска. Протестите ќе продолжат секој ден од 18 до 19 часот, на булевар АСНОМ и булевар Србија, пред мостот „Киро Глигоров“.
Преземено од: Линк













