ИЈЗ: Нема отстапувања од нормалните референтни вредности што би укажале на радијација во воздухот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Почитувани,

Институтот за јавно здравје врши следење на физичко хемиски својства во почва и вода и врши мониторинг на зрачење (радијација) во воздух, вода и почва.

ИЈЗ поседува референтна акредтирана лабараторија со најсовремена опрема и дванесет мерни станици како и високо квалификуван и обучен кадар за следење на јонизирачко зрачење (радијација) во воздух.

ИЈЗ во вистинско време (real time) мери и добива информации за евентуалното зрачење во воздухот.

Во периодот од 7 до 14 септември 2025 година нашиот автоматски систем за мерење на радијација во воздухот работеше непрекинато и редовно ги следеше податоците од сите 14 мерни места низ Македонија. Меѓу нив е и станицата во Скопје (MKMP-1).

Резултати за Скопје (MKMP-1):

Просек во периодот: 51 нано сиверт на час

Најниска и највисока вредност: од 51 до 69 нано сиверти на час

Денес (14 септември 2025 во 11:30 ч.): 50 нано сиверти на час

За споредба: сите овие бројки се во рамки на природниот радијациски фон, односно нормалното природно зрачење кое секогаш е присутно во нашата околина. Нема никакви вредности кои би укажале на зголемена радиоактивност или на ризик за здравјето на граѓаните.

ИЈЗ известува дека во моментот нема одстапувања од нормалните референтни вредности што би укажале на зрачење тоест радијација во воздухот.

ИЈЗ испрати вонредни обучени екипи по насока на инспекторатот за животна средина, Министерство за Здравство и кризниот штаб, кои ќе земат примероци од почва и вода од непосредна близина на засегнатото подрачје за физичко хемиска анализа, а воедно ќе земат примероци (мостри) од чешми, бунари и почва за испитување на евентуално јонизирачко зрачење исто така во непсредна близина на засегнатите подрачја.

По анализата и обработката на истите ИЈЗ ќе ги сподели резултатите со јавноста.

ijz

Институтот и натаму внимателно ќе ја следи состојбата во координација со Минстерството за здравство и сите државни надлежни инстиутиции кои што се вклучени во процесот за надминување на ситуацијата. Воедно ИЈЗ препорачува и понатаму граѓаните да ги следат добиените препораки од страна на Институтот за јавно здравје.

 

Со почит,

Одделение за Радијациона Заштита

Институт за Јавно Здравје на Република Македонија





Преземено од: Линк

Tetovo
few clouds
13.1 ° C
13.1 °
13.1 °
90 %
0.2kmh
23 %
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
17 °

Поврзани написи