Лабудовиќ: Центар ќе биде автентичен, но обновен, зелен и енергетско ефикасен

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, најави современ проект за нов систем на енергетски ефикасни згради, кој ќе придонесе за подобрување на условите за живеење, зачувување на животната средина и разубавување на урбаното јадро на Општината, се вели во соопштение од неговиот ПР тим, што МИА го пренесува интегрално.

„Преку грантови од Општината ќе ги реконструираме фасадите на сите згради и ќе ги направиме енергетски ефикасни. Секоја зграда е дел од идентитетот и имиџот на нашата општина. Затоа, старите фасади ќе добијат автентичен и  достоинствен изглед, што не само што ќе го разубави Центар, туку ќе им донесе на граѓаните подобра енергетска заштеда и помали сметки за греење ,“ изјави Лабудовиќ.

Овој систем претставува дел од пошироката стратегија за зелена и одржлива општина, која предвидува не само визуелно унапредување, туку и долгорочна економска корист за жителите. Преку поставување фотоволтаични панели на покривите и модернизација на хидрантските и водоводните системи, ќе се овозможи значителна заштеда на енергија и вода, што е во согласност со најсовремените европски стандарди за енергетска ефикасност.

„Центарци заслужуваат убав, сигурен и достоинствен живот. Со овие реконструкции, ќе го зачуваме духот на нашите згради, ќе го одржиме нивниот архитектонски карактер, а истовремено ќе му дадеме нова енергија на просторот каде живееме,“ нагласи Лабудовиќ.

Проектот ќе се реализира во повеќе фази, почнувајќи од најстарите и најоштетени фасади, со цел секоја зграда да добие нов и, во исто време, енергетски ефикасен надворешен изглед. Покрај тоа, ќе се воведат и стимулации за управителите на згради и станбените заедници кои активно ќе се вклучат во процесот, со што ќе се поттикне колективната одговорност и партнерството меѓу Општината и граѓаните.

„Нашата цел е Центар да остане автентичен, но обновен, зелен, модерен и енергетски ефикасен. Да создадеме градско јадро што не ја заборава својата историја, туку ја гради својата иднина на одржливи темели,“ заклучи Лабудовиќ.

Со овој проект, Општина Центар ќе стане пример за современо урбано управување, каде грижата за естетиката, енергијата и животната средина се спојуваат во едно – за поквалитетен живот на сегашните и идните генерации.

 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
broken clouds
13 ° C
13 °
13 °
93 %
0.6kmh
76 %
Thu
13 °
Fri
16 °
Sat
19 °
Sun
16 °
Mon
14 °

Поврзани написи

УЈП почна да праќа решенија за неплатен данок за 2021 година

Граѓаните кои работеле во странство пред 5 години...

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков

Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески,...

Крај на аферата „Роналдо – Жесус“, Кристијано се враќа во националниот тим

Кристијано Роналдо ќе се врати во португалската фудбалска...

Просечната нето-плата во август 48.733 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата во земјава во август...