Расте интересот за Лукоил, откако САД го продолжија рокот за продажба до 13 декември

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Расте интересот за купување на рускиот гигант Лукоил.

И американскиот Ексон Мобил , ги разгледува опциите да стане сопственик на имотот на Лукоил во Казахстан, откако претходно неговиот конкурент Шеврон го објави истото. Листата на потенцијални купувачи се зголемува, по објавата на американското  министерството за финансии  дека го продолжува рокот за продажба за уште 3 ,5 недели, односно до 13 ти  декември.  Ројтерс објави дека Ексон може да достави и понуда за полето Западна Курна 2 во Ирак, кој е највредниот имот на руската компанија. 

Меѓу заинтересираните за нафтениот гигант  е и американката  фирма за приватен капитал Карлајл. Имотот на Лукоил се проценува на 22 милијарди долари. 

Ако некоја компанија го купи имотот на Лукоилк, купувачот нема да смее да ја исплати сумата на руската комапнија, туку ќе треба да ја уплати на посебна сметка, , која ќе биде блокирана се до отстранување на  санкциите., појаснија денеска од ОФАК:  

Инаку вчера финската компанија ТЕБОИЛ, во сопственост нa  Лукоил најави дека постепено ќе ги затвори сите 430 бензиски пумпи , поради снемување гориво.

Како ќе се трошат залихите, така ќе стават клуч на врата.  

Лукоил се просутни и во Македонија, каде имаат 40 бензиски пумпи и вработуваат над  500 лица. Неизивесноста кај  вработените е голема, затоа што до сега никој, освен претседателот на Регулаторна  не им даде одговор дали ќе продолжат со работа..

До сега продлжена лиценца  до 29 април следната година  имаат 4 компании на Лукоил кои работат во Бугарија. 





Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
10.4 ° C
10.4 °
10.4 °
93 %
1.2kmh
100 %
Fri
16 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
14 °
Tue
14 °

Поврзани написи