Генералниот секретар на ДКСК фаворит за нов претседател на Антикорупциска

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Актуелниот генерален секретар на Антокорупциската комисија Адем Чучуљ е највисоко рангиран на листата што ја направи Комисијата за селекција за прв човек на ДКСК и тој на утрешната седница на Комисијата за избори и именувања најверојатно и ќе биде утврден како предлог за претседател на ова независно тело, дознава Сител. 

Иако не мора да се водат од ранг листата, партиите, неофицијално, се согласиле овој пат да одат со кандидатот со најмногу поени со цел да се избере претседател на ДКСК кој нема да биде избран со надгласување и ќе може да го врати кредибилитетот на институцијата.

Предлогот од Комисијата ќе треба да биде потврден и на пленарна седница.

Комисијата за селекција го заврши рангирањето откако два дена ги интервјуираше пријавените 10 кандидати, кои пак аплицираа за оваа функција уште пред локалните избори. 

Чучуљ ја предводи листата со оценка 96,5, а зад него се поранешниот ревизор Бранко Смилевски и професорот Кимо Чавдар. 

Според биографијата доставена од Чучуљ тој е дипломиран правник кој најголем дел од својот работен век го поминал во ДКСК и тоа од најниското скалило па се’ до генерален секретар.

Акорупциските експерти велат дека во овој момент на Антикорупциска и треба навистина квалитетен човек со интегритет.

Антикорупциска добива нов претседател откако Татјана Димитровска си поднесе оставка, откако стана обвинета во случајот Адитив дека на обивнет во случајот пренесувала информации. Дополнително, одговара и за фалсификување на сертификат за државна тајна, бидејќи во нејзино име, друг го полагал електронскиот испит.





Преземено од: Линк

Tetovo
broken clouds
10.7 ° C
10.7 °
10.7 °
94 %
0.6kmh
66 %
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
16 °

Поврзани написи

Фернандеш за дебаклот во Комо го впери прстот во тренерот

Манчестер Јунајтед доживеа дебакл во Комо, во третото...

(Видео) Баерн и Арсенал ремизираа во дербито

Фудбалерите на Баерн Минхен и Арсенал одиграа нерешено...

Може ли бранот на немири да ја зафати цела европа?

Бранот социјални бунтови и протести што ја тресе...