Над 270 дечиња присустуваа на церемонијата на свечено менување на државното знаме во кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Во претседателскиот кабинет, денеска, 270 деца од скопските основни училишта „Вера Јоциќ“, „Лазо Ангеловски“ и „Димитар Македонски“, како и од градинките  „Буба Мара“ и „ЛИЛИПУТ ДВОРЧЕ“, присуствуваа на церемонијата на свечено менување на државното знаме. Учениците гордо и громогласно ја пееја химната, интонирана од македонскиот воен оркестар, овојпат придружуван од воениот оркестар на Вооружените сили на Романија, којшто престојува во земјава по повод заедничкиот предновогодишен концерт, информираат од Кабинетот на Претседателката Гордана Сиљановска Давкова. 

Во придружба на своите наставници, образовни асистенти и едукатори, децата ја проследија церемонијата на свечено менување на државното знаме изведена од Баталјонот за почести при македонската армија.

По свечниот чин, децата го разгледаа импозантниот диптих „Македонија-светла земја“ и „Македонија-земјата памети“ на академик Глигор Чемерски, како и работната просторија на претседателката.

Во разговорот со Сиљановска-Давкова, се вели во соопштението, децата зборуваа за нивните активности, за подготовките на приредбите во пресрет на новогодишните празници и ги испеаја нивните омилени песничките. Следеа низа прашања: за претседателската функција и работните обврски, но и за нејзиното детство, основното образование, домашните миленици, омилените книги и музиката.

Претседателката беше восхитена од умните прашања, на коишто со задоволство одговори. Таа ги посоветува да учат, да спортуваат, да цртаат, да ја чуваат природата и животната средина, да се дружат и да не се навредуваат. На крајот, им се заблагодари за прекрасната посета и за незаборавниот ден, за неа и за кабинетот.

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
broken clouds
13 ° C
13 °
13 °
93 %
0.6kmh
76 %
Thu
13 °
Fri
16 °
Sat
19 °
Sun
16 °
Mon
14 °

Поврзани написи

УЈП почна да праќа решенија за неплатен данок за 2021 година

Граѓаните кои работеле во странство пред 5 години...

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков

Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески,...

Крај на аферата „Роналдо – Жесус“, Кристијано се враќа во националниот тим

Кристијано Роналдо ќе се врати во португалската фудбалска...

Просечната нето-плата во август 48.733 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата во земјава во август...