Ние сме против ад хок зголемување на плати без раст на продуктивноста, велат од Министерството за економија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Минималната плата во март ќе се зголеми според закон – околу 25 евра. Ден по најавата на ССМ за протести, од Министерството за економија остануваат на ставот дека нема простор за дополнителен пораст. 

– Ние како Министерство го почитуваме трипартидното законско решение и сме против ад хок зголемување на плати, без раст на продуктивноста. Особено што ад хок решението ќе ги зголеми и платите во јавниот сектор, што дополнително ќе го оптерети приватниот сектор – велат од Економија за Сител. 

Но, синдикатите тврдат дека македонските работници не само што се продуктивни, туку создаваат и сериозна добивка за своите компании. Во анализата на ССМ пишува дека секој работник не само што ја заработува сопствената плата, туку истовремено: ја обезбедува платата и бонусите на директорите и менаџерите, го финансира луксузниот живот на работодавачите, остварува чиста добивка за газдата во висина од околу една годишна работничка минимална плата. 

Зад овие тврдења, синдикатите ставаат бројки. Во градежништвото, велат, нето-добивката по вработен во 2024 година достигнува и до 600 илјади денари. Во трговијата и услугите – околу 300 илјади, а во ИТ-секторот – повеќе од 400 илјади денари по работник.

Податоците на Сојузот на синдикати покажуваат дека од јануари 2022 до декември 2025 година трошоците за живот бележат „драматичен раст“. За само четири години, синдикалната минимална кошница се зголемила за над 82%.

Денешната минимална плата покрива само околу 37 проценти од основните месечни трошоци. Со други зборови – работникот со минимална плата мора да заработи речиси три минимални плати за да може да ги покрие најосновните потреби на своето семејство.

Ниту просечната плата не нуди сигурност. Таа покрива помалку од 70 проценти од реалните трошоци.

Поради ваквите состојби, ССМ бара минимална плата од 600 евра и пораст на сите останати плати за 100 евра. Овие барања ќе ги изнесат и на улица – на протест во среда, во 17 часот, пред Работничкиот дом.





Преземено од: Линк

Tetovo
light rain
10.7 ° C
10.7 °
10.7 °
94 %
1.7kmh
92 %
Thu
20 °
Fri
17 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
12 °

Поврзани написи

(Видео) Баерн и Арсенал ремизираа во дербито

Фудбалерите на Баерн Минхен и Арсенал одиграа нерешено...

Може ли бранот на немири да ја зафати цела европа?

Бранот социјални бунтови и протести што ја тресе...

Роналдо заработува дупло повеќе од Меси

Кристијано Роналдо и Лионел Меси со години се...

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе...