Со 1,81 промили алкохол во крвта возел во Неготино, доцна синоќа бил приведен жител на неготинското село Криволак, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
-Синоќа во 23:30 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР – Неготино го лишија од слобода Р.А., на возраст од 41 година од село Криволак, неготинско. При сообраќајна контрола на булеварот „Маршал Тито“ во градот е сопрено патничко возило „фолксваген пасат“ со неготински регистарски ознаки, што го управувал и по преземени мерки, констатирано е дека е под дејство на алкохол. Измерени му се 1,81 промили алкохол во крвта, соопштија од СВР – Велес.
Оттаму додадоа дека по целосно документирање на случајот, против него ќе била поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
МИА
Преземено од: Линк













