Магла и одрони на патиштата, апел за внимателно возење

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информираат утрово од АМСМ. Намалена видливост до 70 метри и појава на магла има на патниот правец Тетово – Гостивар и одрон на патниот правец Берово – Струмица кај селото Ратево поради кој сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата.

Ова особено се однесува на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони како што се делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за патнички возила и автобуси за влез и излез од државата.

АМСМ потсетува дека од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.

Tetovo
overcast clouds
11.6 ° C
11.6 °
11.6 °
95 %
1.3kmh
100 %
Fri
16 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
14 °
Tue
9 °

Поврзани написи