Кривична пријава против осум лица од Виница и виничко за кривични дела во врска со бесправна сеча и транспорт на огревно дрво

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Полицијата поднесе кривична пријава против осум лица од Виница и виничко за повеќе сторени кривични дела во врска со бесправна сеча и транспорт на огревно дрво. 

Министерството за внатрешни работи информира дека Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднела кривична пријава против Г.И.(49) од с.Калиманци, виничко и А.А.(31) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено „продолжено кривично дело“ во врска со кривично дело „кражба“, против Ј.П.(59) од Виница, управител на правно лице од Виница, за „несовесно работење во службата“. Против С.Ѓ.(64) од с.Лески, виничко, вработен во ЈП „Национални шуми“ – Подрачно шумско стопанство „Плачковица“ во Виница, за „продолжено кривично дело“ во врска со „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „продолжено кривично дело“ во врска со кривично дело „фалсификување исправа“, против Љ.В.(63) од Виница, вработен во ЈП „Национални шуми“ –  Подрачно шумско стопанство „Плачковица“, за „злоупотреба на службената положба и овластување“, против Б.П.(64) од Виница, вработен во ЈП „Национални шуми“ – Подрачно шумско стопанство „Плачковица“, за „несовесно работење во службата“, против З.С.(66) од с. Јакимово, виничко, за „продолжено кривично дело“ во врска со „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“ и против Т.М.(71) од с.Крушево, виничко, поради постоење основи на сомнение за „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“.

Според МВР, прво и второпријавениот Г.И. и А.А., во периодот од јуни 2024 година до февруари 2025 година, извршиле бесправна сеча на 1.108 стебла, односно 44,32 кубни метри дрво на катастарски парцели сопственост на четири физички лица и дел во државна сопственост со што направиле штета од 310.240 денари.

Третопријавениот Ј.П., како управител на правниот субјект, постапил несовесно и извршил обележување на границите на парцела, навлегувајќи во соседните парцели во вкупна површина од 4.080 метри квадратни. Четвртопријавениот С.Ѓ., како референт за превоз, за исечената и извезената дрвна маса, впишал и издал осум приемници за дотур и 26 испратници за превоз на дрво и без овластување извршил ознака за сеча со несоодветен чекан. Петтопријавениот Љ.В., извршил увид на шумата на целокупната претходно обележана површина за сеча, за што изготвил Записник за извршен теренски увид на лице место, по што било изготвено Одобрение за сеча на огревно дрво.

Шестопријавениот Б.П., одговорно лице во Подрачното шумско стопанство „Плачковица“, одобрение го потпишал без да изврши контрола за преземените активности. Додека, седмо и осмопријавените З.С. и Т.М., врз основа на издадените испратници за превоз на огревно дрво, со две товарни возила извршиле превоз без да поседуваат лиценца и извод од лиценца за вршење на јавен превоз во внатрешниот патен сообраќај.

 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
broken clouds
8 ° C
8 °
8 °
80 %
0.4kmh
82 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
15 °

Поврзани написи

Детроит Пистонс од -22 до триумф над Бостон, залудни 38-те поени на Пол Џорџ

Кошаркарите на Детроит Пистонс ги победија Бостон Селтикс...

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, за разлика од...

(Видео) ПСЖ на колена ја фрли Барселона

Пари Сен Жермен и Барселона приредија вистински фудбалски...