Поддршка за локалната заедница: Diamond Restaurant – Tetovo со донација заДневниот центар за деца со попреченост – Тетово

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

Diamond Restaurant – Тетово реализираше донација за Дневниот центар за деца со ментална или телесна попреченост во Тетово, со цел подобрување на условите за престој и секојдневните активности на корисниците.

img 4396

Како дел од донацијата, ресторанот обезбеди нов телевизор, теписони, завеси за целиот објект и плакари, со што значително се подобрува комфорот и функционалноста на просториите во центарот.

img 4395

Дневниот центар во Тетово функционира повеќе од две децении и претставува значајна поддршка за деца и млади со различни видови попреченост. Центарот обезбедува дневен престој, воспитно-образовни активности и индивидуални третмани, со што придонесува за нивниот развој и социјална интеграција.

img 4394

По повод донацијата, директорката на Центарот засоцијални работи –подрачна единица Тетово, Магдалена Веселиновска, изјави:

„Во мое лично име и во име на нашата институција,Ви изразувам искрена благодарност за донацијата што ни ја доделивте. Вашата поддршка претставува голема помош за функционирањето на Дневниот центар и значително придонесува кон унапредување на нашите услови за работаи подобрување на квалитетот на нашите активности. Совашиот хуман гест покажавте високо ниво на одговорност и грижа и сте пример кој треба да го следат и другите компании. Ви благодарам на довербата и соработката и се надевам на понатамошна успешна соработка и во иднина.“

Од Diamond Restaurant – Tetovo истакнуваат дека општествената одговорност е важен и нераскинлив дел од нивното работење и дека и во иднина ќе продолжат да поддржуваат локални институции и иницијативи кои придонесуваат за подобар квалитет на живот во заедницата. Со оваа хуманитарна акција, од ресторанот упатуваат и порака и поттик до другите компании и субјекти од бизнис-секторот да се вклучат во слични општествено одговорни и хумани дела, со цел заеднички да се создаде посилна и посолидарна заедница.

Tetovo
broken clouds
8 ° C
8 °
8 °
80 %
0.4kmh
82 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
15 °

Поврзани написи

Детроит Пистонс од -22 до триумф над Бостон, залудни 38-те поени на Пол Џорџ

Кошаркарите на Детроит Пистонс ги победија Бостон Селтикс...

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, за разлика од...

(Видео) ПСЖ на колена ја фрли Барселона

Пари Сен Жермен и Барселона приредија вистински фудбалски...