Во ВРЕДИ обединети дека сакаат партија, но разединети за функциите

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Сè поблиску  до официјализирање на „Вреди“ како партија, а сè подалеку од единство за тоа како ќе функционираат понатаму. Партнерите во владината албанска коалиција сè уште имаат разлики околу тоа кој да ја води партијата – дали копретседателството што го договорија Меџити и Касами како најголеми партнери, или, пак, ротирачко претседателство на сите лидери, на што инсистираат Алтернатива на Сали и крилата на Алијанса.

Дополнителен проблем е новиот судир меѓу вицепремиерот Арбен Фетаи и министерот за здравство Азир Алиу околу тоа кој да го добие делот што ќе ѝ припадне на Алијанса. Неофицијално, Алиу вели дека тој е легитимен претставник бидејќи располага со пратеници. На своја страна го доби и Имер Демири, кој по локалните избори излезе од пратеничката група на Села и досега делуваше независно.

Фетаи, пак, синоќа формираше т.н. Нова Алијанса и веднаш на состанокот ги распуштил партиските тела за да влезе во преговори за „Вреди“.
Партиските органи прв ги распушти Касами, а ваквиот потег најави дека ќе го следи и Меџити во Демократско движење. Според информациите од овие две страни, веќе е договорено копретседателство на двајцата лидери како најдобра опција.

Комбинаториките во „Вреди“ ќе влијаат и врз одлуките што треба да ги донесе Мицкоски за владината реконструкција. Имено, Касами бара смена на министерот за социјална политика Лимани, кој по ова најави формирање своја партија. Азири, пак, неофицијално ќе бара смена на Фетаи од вицепремиерската функција.





Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
11.6 ° C
11.6 °
11.6 °
95 %
1.3kmh
100 %
Fri
16 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
14 °
Tue
9 °

Поврзани написи