Расел лесно до пол-позицијата за спринт трката во Кина

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img



Победникот на првите трка во сезоната, возачот на Мерцедес, Џорџ расел, ја освои пол-позицијата за спринт трката, која се вози како дел од Големата награда на Кина.

На патеката во Шангај, Британецот до пол-позицијата дојде со најбрзиот круг 1:31.520 минути. Доминацијата на Мерцедес од почетокот на сеозната ја потврди Андреа Кими Антонели. Младиот Италијанец го освои второто место со речиси три десетинки послаб резултат од Расел.

Најблиску до доминантните болиди на Мерцедес беше актуелниот светски првак Ландо Норис. Спринтот од вториот ред, заедно со Норис ќе го започне Луис Хамилтон од Ферари.

Место меѓу најдобрите десет мина на стартот изборија уште Оскар Пјастри (Мекларен), Шарл Леклер (Ферари), Пјер Гасли (Алпин), Макс Ферстапен (Ред Бул), Оливер Берман (Хас) и Исак Хаџар (Ред Бул).

Спринт трката на патеката во Шангај ќе се вози во сабота со почеток во 4 часот по македонско време. Квалификациите за главната трка се исто така во сабота, во 8 часот.

Foto/ EPA



Преземено од: TopSport

Tetovo
few clouds
15.4 ° C
15.4 °
15.4 °
64 %
1kmh
22 %
Fri
15 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
13 °
Tue
15 °

Поврзани написи