Воз му ја прегазил ногата на мигрант од Алжир во Гевгелија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Триесетгодишен мигрант од Алжир се здобил со тешки телесни повреди откако паднал при обид да се качи на воз во движење во Гевгелија, при што возот му ја прегазил десната нога.

Како што соопштуваат од МВР, пријавата во Полициската станица Гевгелија е регистрирана вчера во 18:33 часот, а несреќата се случила на местото викано „Подвозник“. Повреденото лице веднаш било пренесено во Медицинскиот центар Гевгелија, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.

-На 05.04.2026 во 18:33 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека во Гевгелија, на место викано „Подвозник“, 30- годишен мигрант од Алжир додека се обидувал да се качи во возот кој се движел, паднал и возот поминал преку неговата десна нога. Лицето било пренесено во Медицински центар Гевгелија, каде му се констатирано тешки телесни повреди – стои во соопштението.

За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а увид на местото извршила екипа на гевгелиското Одделение за внатрешни работи (ОВР).

 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
overcast clouds
11.6 ° C
11.6 °
11.6 °
95 %
1.3kmh
100 %
Fri
16 °
Sat
17 °
Sun
17 °
Mon
14 °
Tue
9 °

Поврзани написи