Американската војска е подготвена да продолжи со борбите доколку Иран не се согласи со мировен договор

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Американските сили на Блискиот Исток се подготвени веднаш да продолжат со борбите доколку Иран не се согласи со мировен договор, изјавија денеска високи американски воени претставници.

Како форма на притисок врз Техеран, американската војска ги блокира сите бродови што се обидуваат да влезат или да излезат од Иран.

„Иран може да избере светла иднина и се надеваме дека ќе го стори тоа за доброто на својот народ“, рече министерот за одбрана Пит Хегсет на прес-конференција во Пентагон.

„Но, доколку Иран донесе погрешна одлука, ќе добие блокада и бомби врз инфраструктурните и енергетските објекти“.

Генералот Ден Кејн, началник на Генералштабот на американската војска, рече дека американските сили се „подготвени да продолжат со големи воени операции буквално во моментот кога ќе ја добијат наредбата“.

Американските воени бродови ќе гонат ирански или кој било друг брод што се обидува да донесе материјална помош во Иран, истакна тој.

Ќе ги пресретнеме бродовите што ќе се обидат да ја пробијат блокадата и ќе ги предупредиме дека „ќе употребиме сила ако не ја почитуваат блокадата“, додаде Кејн, велејќи дека ова ќе се спроведува и во иранските територијални и во меѓународните води.

Генералот презентираше информации дека досега 13 бродови се вратени токму на овој начин.

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
clear sky
15.7 ° C
15.7 °
15.7 °
79 %
1.3kmh
1 %
Thu
19 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
17 °

Поврзани написи