Мицкоски: Во март значаен раст на индустриското производство од 3 проценти, двоцифрен кај трговијата на мало

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Конечно во март имаме значаен раст на индустриското производство споредено со март минатата година од 3 проценти, а трговијата на мало расте со двоцифрен број проценти, изјави денеска премиерот Христија Мицкоски, истакнувајќи дека Владата ќе продолжи да работи на зголемување на куповната моќ на граѓаните.

На новинарско прашање, Мицкоски посочи дека за жал, останува се уште проблемот во секторот рударство, каде има помала активност во првиот квартал изразувајќи надеж дека ќе се преземат активности за пдобрување на состојбите. 

– Се надевам дека за два-три проблематични правни лица ќе најдеме начин како и ние како држава да помогнеме, но и тие самите да си помогнат и на тој начин да го вратиме рударството на оние патеки на кои што треба да припаѓа, рече Мицкоски.

Будно ја следиме со состојбата, дополни премиерот, и со сите нови проекти во индустријата, со сите нови производни капацитети, охрабрен сум што преработувачката индустрија расте. – Тоа е нешто кое сите треба да не охрабрува,  изјави Мицкоски, на новинарско прашање по присуството на панихидата во црквата „Св. Спас“ во Скопје по повод 123 години од смртта на Гоце Делчев.

 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
broken clouds
10.7 ° C
10.7 °
10.7 °
94 %
0.6kmh
66 %
Thu
20 °
Fri
16 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
16 °

Поврзани написи