Укинување на доживотниот затвор бараат осудените за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Да им се укинат доживотните пресуди за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски и предметот да се врати на повторено судење, бараа денеска од апелационите судии осудените Љупчо Палевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски. 

Палевски кој според пресудата е извршител на двете убиства, денеска бараше виновниот два пати доживотно да биде осуден, но да има правда. Според него многу докази не се земени предвид според кои тој на критичниот ден на убиството на Вања не се наоѓа во местото Дупки, туку во скопски центар, дека неговата ДНК не е пронајдена во возилата, но и дека Вања и Панче не се убиени на начин на кои беше претставено пред судот, а тоа го покажала обдукцијата. Никогаш не се докажал мотивот за грабнувањата и убиствата, бидејќи никогаш не бил побаран откуп. Неговиот адвокат, побара од Апелација да донесе пресуда без притисок, како што тврдат дека била првичната. 

Обвинителството пак се жалеше за ослободителната пресуда за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски. Според нив, тој имал клучна улога во грабнувањето на неговата ќерка, бидејќи им посочил на децата како да бидат облечени дента кога била грабната Вања. 

Се до неделата во попладневните часови, одлука за грабнување на Вања нема. Токму кога е донесена одлуката, Палевски ги вика Манев и Видевски да дојдат во Скопје. Во моментот кога се во партијата, тогаш таткото им праќа порака на децата да се облечат небаре ќе одат на планина. Потоа однесувањето на Александар утредента. Тој повторувал: Детето е грабнато и убиено, по што се упатува накај Качанички пат, по патеката на која што е однесена Вања во гепек. 

Адвокатот на Ѓорчевски, посочи дека негова вмешаност во грабнувањето и убиството нема, а тоа се докажало со првостепената пресуда, во отсуство на било какви докази за негова вмешаност. 

Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски беа убиени кон крајот на ноември 2023 година. Телото на Жежовски беше пронајдено во околината на Велес во ископана дупка, а на Вања во местото викано Дупки. За грозоморниот чин вина признаа Кешишев и Манев, а како извршител на убиствата го посочија Палевски, иако тој и Боре Видевски тврдеа дека немаат вмешаност во настаните. Пиштолот никогаш не беше пронајден. Судијата Ивца Стефановски ги осуди на доживотен затвор сите четворица за делата грабнување и убиство.





Преземено од: Линк

Tetovo
broken clouds
13 ° C
13 °
13 °
93 %
0.6kmh
76 %
Thu
13 °
Fri
16 °
Sat
19 °
Sun
16 °
Mon
14 °

Поврзани написи

УЈП почна да праќа решенија за неплатен данок за 2021 година

Граѓаните кои работеле во странство пред 5 години...

Oслободени двајцата обвинети за случајот со Пендиков

Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески,...

Крај на аферата „Роналдо – Жесус“, Кристијано се враќа во националниот тим

Кристијано Роналдо ќе се врати во португалската фудбалска...

Просечната нето-плата во август 48.733 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата во земјава во август...