Во првото полувреме од финалето на Лигата на шампионите 2025/26 помеѓу ПСЖ и Арсенал, лондонскиот тим имаше историски најниска стапка на точност на додавањата.
Според „Опта Спортс“, „Топчиите“ комплетираа само 69 додавања во првите 45 минути. Ова е најлошиот настап во првото полувреме во финале на Лигата на шампионите откако почна да се собираат вакви статистики (од сезоната 2003/04).
И покрај негативниот рекорд Арсенал го доби првото полувреме со 1:0, но на крајот загуби на пенали.
Натпреварот се одигра на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта, Унгарија.
МИА
Преземено од: Линк













