Македонија избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации – ЕКОСОК

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Македонија денеска беше избрана за членка на Економскиот и социјалниот совет на Обединетите нации (ЕКОСОК) за мандатниот период 2027–2029 година. На гласањето што се одржа во седиштето на Обединетите нации во Њујорк, кандидатурата на земјава доби поддршка од 174 држави членки – соопшти попладнево Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Како што посочуваат, станува збор за историски успех на македонската дипломатија, бидејќи за првпат од независноста државата ќе биде членка на едно од главните тела на системот на Обединетите нации.

По повод изборот, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски во видео обраќање нагласува дека ова е уште една потврда за кредибилитетот и активната улога на државата во мултилатералната дипломатија.

-Ова е успех на македонската дипломатија. Успех на посветеност, на доверба и на работа која често се одвива далеку од очите на јавноста, но носи конкретни резултати. Ова е дипломатски успех кој не се мери само со изборот, туку и со довербата што стои зад него – истакна Муцунски.

Тој посочува дека изборот во ЕКОСОК претставува уште еден значаен чекор во зајакнувањето на присуството на државата во мултилатералните процеси, по членството во Советот за човекови права на Обединетите нации и Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиското оружје.

Членството во ЕКОСОК, како што се наведува во соопштението, ќе овозможи поактивно учество на државата во глобалните дебати и процеси поврзани со економскиот и социјалниот развој, одржливиот развој, хуманитарните прашања и човековите права, како и дополнително зајакнување на нејзината меѓународна видливост и кредибилитет.

Економскиот и социјалниот совет е еден од шесте главни органи на Обединетите нации и има централна улога во координацијата на економските, социјалните и развојните политики во рамките на системот на ОН. 

 

МИА





Преземено од: Линк

Tetovo
clear sky
10.7 ° C
10.7 °
10.7 °
76 %
0.2kmh
0 %
Tue
10 °
Wed
19 °
Thu
20 °
Fri
13 °
Sat
18 °

Поврзани написи

(Видео) ПСЖ на колена ја фрли Барселона

Пари Сен Жермен и Барселона приредија вистински фудбалски...

Турција доби нов селектор

Серген Јалчин е новиот селектор на турската фудбалска...

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море

НАТО денеска соопшти дека ќе го зголеми надзорот...