Нови мерки во студентските домови: За алкохол во собите следува забрана и до пет години

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img


Во Собранието е поднесен предлог за измени на Законот за студентски стандард со кој се предвидуваат построги правила за сместување и престој во државните студентски домови. Една од најзначајните новини е воведувањето горна старосна граница од 30 години за добивање и користење место во студентски дом.

Со предложените измени се воведуваат дисциплински мерки за студентите кои ќе го прекршуваат куќниот ред. Санкции се предвидени за пушење во собите, внесување и консумирање алкохол, оштетување на инвентарот, пуштање гласна музика и неодржување на хигиената.

За потешки прекршоци ќе може да се изрече забрана за користење на услугите на сите државни студентски домови во период од една до пет години. Меѓу прекршоците што можат да доведат до ваква мерка се внесување и употреба на алкохол во собите, отстапување на сместувањето на друго лице за материјална корист, како и нередовно плаќање на станарината.

Предлогот предвидува санкции и за непријавување дефекти што можат да предизвикаат материјална штета, внесување и употреба на наркотични средства, непочитување на прописите за заштита од болести, пожар и експлозија, како и за прекршување на правилата за заштита на животната средина.

Казни ќе следуваат и за навредливо, заканувачко, агресивно или насилничко однесување, физичко и психичко малтретирање, вознемирување, дискриминација и други форми на недолично однесување.

Измените на Законот за студентски стандард се поднесени пред три дена и се потпишани од четири пратенички од ВМРО-ДПМНЕ.

 





Преземено од: Линк

Tetovo
few clouds
14.6 ° C
14.6 °
14.6 °
64 %
1.5kmh
13 %
Wed
20 °
Thu
20 °
Fri
14 °
Sat
18 °
Sun
16 °

Поврзани написи

Барселона без Олмо во Ел Класико

Играчот од средниот ред на Барселона, Дани Олмо...

(Видео) Убедливи победи на Рома и Манчестер Сити, Наполи го преживеа Бодо/Глимт

Италијанските претставници во Лигата на шампионите, Рома и...