Апсења, кражба, семејно насилство, тешка сообраќајка и трагедија во Тетово и Гостивар

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img

На 09.07.2026 во 09:40 часот, на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово запреле патничко возило „опел“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Љ.С. (60) од с.Вратница. При проверката било утврдено дека лицето не поседува возачка дозвола, по што е лишено од слобода согласно член 297-а од КЗ. Возилото е одземено, а по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 09.07.2026 во 12:35 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, постапувајќи по наредба од Основниот суд Тетово, го приведоа Б.Х. (28) од с. Голема Речица, кој бил баран за издржување затворска казна во врска со сторено кривично дело по член 297 од КЗ. Б.Х. е спроведен во КПУ Затвор Тетово за издржување на казната.

На 09.07.2026 во 15:25 часот во ПС Гостивар, С.Ѓ. (45) од Гостивар пријави дека во текот на денот во Соборниот храм на улица „Илинденска“, непознат сторител извршил кражба. Според пријавеното, сторителот влегол преку отворена врата во просторијата за продажба на цвеќе во склоп на црквата и од касата противправно одзел 3.500 денари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.07.2026 во 20:20 часот во СВР Тетово, од Медицинскиот центар Гостивар е пријавено дека во болницата без знаци на живот била донесена Ш.Н. (14) од Кавадарци, со престој во Гостивар. Според пријавеното, малолетничката паднала од лулашка во паркот во Гостивар, по што била пренесена во Медицинскиот центар Гостивар, каде во 20:55 часот дежурен лекар констатирал смрт. Известен е јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција. 

На 09.07.2026 во 22:35 часот во ПО Жеровјане е пријавено дека околу 18:30 часот во кругот на Воспитно поправен дом во с.Волковија, три малолетни лица -штитеници, физички го нападнале штитеникот Г.М. (18) од Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.07.2026 во 21:20 часот во ПС Гостивар, Г.А. (38) од Гостивар пријави дека околу 20:30 часот на улица „Балиндолска“, неговиот 14-годишен син бил физички нападнат од нивниот сосед Н.Ш. (63).. Во 23:45 часот, полициски службеници го лишиле од слобода Н.Ш. и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 10.07.2026 во 01:20 часот во ПС Гостивар, 41-годишен маж од Гостивар пријави дека во дворот на семејната куќа бил физички нападнат од неговата 37-годишна сопруга, со која се во бракоразводна постапка. Пријавената е лишена од слобода и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 09.07.2026 во 15:02 часот во СВР Тетово е пријавено дека на кружниот тек на бул „Илинденска“ со бул „Благоја Тоска“  се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ,,мерцедес“ со тетовски регистерски ознаки, управувано од И.Р.(68) од Тетово и велосипед управуван од Б.С. (39) од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.С., констатирани во Клиничката болница Тетово. Увид на лице место извршила екипа од СВР Тетово.

Tetovo
light rain
10.7 ° C
10.7 °
10.7 °
94 %
1.7kmh
92 %
Thu
20 °
Fri
17 °
Sat
18 °
Sun
17 °
Mon
12 °

Поврзани написи

(Видео) Баерн и Арсенал ремизираа во дербито

Фудбалерите на Баерн Минхен и Арсенал одиграа нерешено...

Може ли бранот на немири да ја зафати цела европа?

Бранот социјални бунтови и протести што ја тресе...

Роналдо заработува дупло повеќе од Меси

Кристијано Роналдо и Лионел Меси со години се...

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе...